Професионална ориентација- начин да се пронајде вистинскиот пат!
Избор на идната професија е сложен и одговорен чекор во твојот живот. Не го препуштај изборот на своето идно занимање на случајност. Користи ги информациите од професионалците. Професијата треба да се избира осмислено, земајќи ги во предвид своите способности, своите убедувања, реалните можности, со ставање на кантар сите “за“ и “против“.
КАДЕ ДА ПРОДОЛЖАМ ПОСЛЕ УЧИЛИШТЕТО? ШТО САКАМ ДА РАБОТАМ?
Нашиот центар спроведува работилници со цел да им се помогне на младите во донесувањето на одлука околу изборот на идната професија и понатамошно школување. Ние не се ограничуваме само на тестирање и објаснување на резултатите. Ние ве охрабруваме да запознаете себеси, своите мотиви, јаки и слаби страни, ве вооружуваме со умеења да составите план за акција и остварување на поставените цели.

Нашите работилници и консултации ќе ви помогнат да одговорете на следните прашања:
- Какви занимања и зошто ви одговараат токму на вас врз основа на анализата на интересите, способностите и специфичностите на карактерот;
- Каде може да се добие соодветно образование;
- Како да се корегираат детектираните “слаби“ страни;
- Како да се развијат способностите, неопходни за успешна самореализација во професионалната сфера, која ве привлекува;
За да се определи својот позив треба да се слушне уникатната музика во својата душа. Таа понекогаш звучи многу тивко. Секој човек има свој позив, различен од оној на родителите, братот, комшијата. Тој секогаш е свој. Дозволете на себеси да бидете поинакви од другите. Дозволете на себеси да пронајдете себеси. Дозволете себеси да бидете среќни и успешни.